• Wednesday, 05 March 2025

Демант од ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје

Демант од ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје

Скопје, 4 март 2025 

Во врска со денешниот немил настан во општина Карпош кога гранка од дрво повреди дете ЈП Паркови и зеленило изразува длабоко жалење. Ја информираме јавноста дека најостро ги демантираме наводите на општина Карпош дека дрвото било обележано за сечење. За конкретното дрво до нас нема пристигнато никакво барање ниту пак има издадено Решение за сечење. По барањата на странките за интервенција врз дрвјата редовно се постапува. Во досегашното работење на сите барања на Општина Карпош е одговорено. Во член 29 став 2  во Законот за урбано зеленило стои дека врз основа на поднесеното барање, општината е должна во рок од седум дена да донесат решение со кое ќе ја утврдат потребата за сечење, односно кастрење на оштетеното дрво, и на видливо место се обележува дека дрвото е за сечење или кастрење со црвена боја на височина од 130 сантиметри (сечење: „С“ или кастрење: „К“). Во случајот е евидентно дека дрвото не е обележано со никаков знак како што е утврдено во Законот за урбано зеленило . Сметаме дека надлежните од општината го злоупотребиле овој немил настан од причина што доколку се работи за подрачје на нивна општина за кое требало да поднесат барање.

ЈП „Паркови и зеленило“

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки