Демант од Министерството за економија и труд
- Имено, во одредени медиумски објави е наведено дека „40 нови пазарни инспектори ќе контролираат…“, што претставува погрешно пренесена и протолкувана изјава на министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Сакаме да укажеме дека Министерот ја посочи вкупната бројка од 40 инспектори, која се однесува на двата инспектората – Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, кои повеќе од една година функционираат како органи во состав на Министерството за економија и труд.
Скопје, 14 јануари 2026
Во дел од објавените прилози кои се однесуваат на новинарско прашање поврзано со новиот Закон за забрана на пушење, а во контекст на изјавата за медиуми дадена за време на лансирањето на Националната стратегија за МСП 2025–2030 година, би сакале да побараме корекција (демант) на објавената информација.
Имено, во одредени медиумски објави е наведено дека „40 нови пазарни инспектори ќе контролираат…“, што претставува погрешно пренесена и протолкувана изјава на министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Сакаме да укажеме дека Министерот ја посочи вкупната бројка од 40 инспектори, која се однесува на двата инспектората – Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, кои повеќе од една година функционираат како органи во состав на Министерството за економија и труд.
Поради тоа, ве замолуваме за корекција на наведената информација, со цел јавноста да не биде доведена во заблуда.
Министерство за економија и труд