• Saturday, 27 July 2024

Демант на Дрин Ахмети на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Лефков

Демант на Дрин Ахмети на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Лефков

Скопје, 26 јули 2024 

Во врска со натписот на Телевизија 24 од 24.07.2024 со наслов „Дритон Кучи бил министер за економија кога во 2016та година е издадена концесијата за внуцита на Али Ахмети“, како и прес-конференциите објавени на официјалниот Јутуб канал на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на 25.07.2024 и 26.07.2024 година оддржани од страна на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да ве информираме дека се работи за комплетна невистина и погрешно пласирани информации во јавноста. 

1. Друштвото „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје има склучено Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Буковиќ“, општина Зајас, заведен под архивски број на Министерството за економија  24-3114/16 од 07.07.2006 година. Ова е спротивно на тврдењата на Телевизија 24 дека Дритон Кучи бил министер за економија во времето кога е издадена концесијата за експлоатација на минерални суровини.

2. Во однос на изнесените невистини од страна на г-дин Лефков, би сакале да ги демантираме информациите кои беа пласирани на двете прес-конференции во врска со неплаќањето на концесискиот надоместок. Во прилог на овој Демант, ги споделуваме сите уплати кои друштвото „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје ги има направено за периодот од 2016 до 2024 година, по основ на концесиски надомест за простор и експлоатација.

Ваквите лажни твдења прават штета на компанијата, како и на личниот углед на сопственикот Дрин Ахмеди. Исто така, апелираме до надлежните институции, вклучително Министерството за внатрешни работи, да ги проверат исказите во нивната истрага.

Дрин Ахмеди, Управител и сопственик на Еверест ЏД ДООЕЛ Скопје

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.