• Saturday, 05 October 2024

Делчевскиот градоначалник Трајковски изврши увид во градежните работи на новата детска градинка

Делчевскиот градоначалник Трајковски изврши увид во градежните работи на новата детска градинка

Делчево, 2 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски денес направи увид во изградбата на новата детска градинка. Работите на градинката која се наоѓа во населбата Расадник како што информираше тој се одвиваат според предвидената динамика и се во понапредна фаза. 

-Извршив увид во градежните работи на уште еден голем капителен објект кој се гради во Делчево. Новата детска градинка  ќе биде современ и уникатен објект кој ќе го краси Делчево, а неговата намена – да згрижува и воспитува дечиња од најмала возраст ќе значи и анулирање на листата на чекање за прием во детската градинка, истакна Трајковски.

Новоизградениот објект, организациски и функционално, како што додаде, ќе биде дел од постојната Јавна установа „Весели Цветови“.

-Градинкатае обезбеди независност во своето функционирање и ќе згрижува 130 дечиња. Односно шест групи со деца на возраст од две до пет години и две јаслени групи, додаде Трајковски.

Вредноста на работите е околу 60 милиони денари со ДДВ, обезбедени од комбинирани извори, од МТСП и од Општина Делчево, а изведувач е фирмата „Атриум“ ДООЕЛ Вевчани. вс/сст/


Фото: МИА