Делегација на турското Министерство за одбрана во посета на Дамаск
- Делегација на турското Министерство за одбрана пристигна во Дамаск, каде што одржа консултации за соработката во областа на одбраната и борбата против тероризмот, објавија денеска турските медиуми.
Дамаск, 30 јануари 2025 (МИА) - Делегација на турското Министерство за одбрана пристигна во Дамаск, каде што одржа консултации за соработката во областа на одбраната и борбата против тероризмот, објавија денеска турските медиуми.
Разговорите се одржале вчера и биле фокусирани на безбедносни прашања, особено во врска со заедничката борба против терористичките организации кои претставуваат закана и за Сирија и за Турција, пренесува државната телевизија „ТРТ Хабер“.
Турското Министерство за одбрана потсети дека е подготвено за дијалог со сириските власти „откако државните институции во Сирија почнат да функционираат“.
Посетата е значајна, бидејќи ова е првиот официјален контакт на високи претставници на турската одбрана со сириските власти.
„Турција ќе продолжи да го поддржува сирискиот народ, како што тоа го правела и досега“, се наведува во соопштението на министерството, објавено од проправителствениот весник „Јени Шафак“. ссм/
фото: архива