• Monday, 17 March 2025

Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА

Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА

Белград, 17 март 2025 (МИА) - Девет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани пристигнаа во Ургентниот центар на Србија, додека тројца пациенти се примени на Воено-медицинската академија (ВМА), јави МИА од Белград.

Дванаесет пациенти повредени во несреќата во дискотеката во Кочани ноќеска со авион CASA C-295 на српската армија се пренесени од Скопје во Белград и ќе бидат згрижени во ВМА и Клиничкиот центар на Србија.
Претходно, авион со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Скопје за медицинска евакуација на повредените во несреќата. Двајца пациенти кои со воени амбулантни возила биле пренесени од Скопје на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш.

За да им се пружи помош на повредени, планирано е во Северна Македонија да останат двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог) и медицински техничар. зш/

Фото: МИА