• Thursday, 18 July 2024

Две финалиња и една бронза за македонските каратисти по првиот ден на европската Универзијада

Две финалиња и една бронза за македонските каратисти по првиот ден на европската Универзијада

Мишколц, 17 јули 2024 (МИА) - Македонската универзитетска карате репрезентација, во елиминациските борби од првиот ден на европската универзијада во Мишколц, Унгарија има забележителни резултати.

Петар Заборски (-75 кг) и Данило Божовиќ (+84 кг), успеаја да влезат во финале, додека пак Ангела Мојсовска го освои бронзениот медал во категоријата (-68 кг). С

тефан Стојанович загуби за влез во финалето и потоа во борбата за бронзениот медал, со минимални резултати 1-1, поради правило на  прв земен поен и го оствари пласманот на петто место

Во финалето, Заборски ќе има борба со Тим Штеинер од Германија, додека Божовиќ ќе се соочи со Словакот Томас Коса. зс/