• Thursday, 09 January 2025

Двајца загинати во пожарот предизвикан од украинскиот напад врз Енгелс

Двајца загинати во пожарот предизвикан од украинскиот напад врз Енгелс

Москва, 8 јануари 2025 (МИА) – Двајца пожарникари загинаа во спасувачката операција по нападот со дронови во градот Енгелс во руската област Саратов.

Нападот со дронови летала врз индустриски објект во Енгелс предизвика голем пожар, напиша на Телеграм гувернерот на Саратовската област Роман Бусаргин, додавајќи дека едно лице е рането.

- За жал, во гаснењето на пожарот загинаа две лица, пожарникари на Министерството за вонредни состојби, а уште еден е хоспитализиран, информира тој.

Во Енгелс е прогласена вонредна состојба поради ширењето на пожарот, додаде Бусаргин.

Украинската војска претхдно денеска соопшти дека извршила напад врз нафтена база во рускиот град Енгелс. Според Генералштабот на украинската армија, нападот предизвикал повеќе експлозии и голем пожар во нафтениот склад „Кристал“, кој, како што се наведува, е клучен за снабдување на аеродромот „Енгелс-2“. јт/