• Friday, 04 October 2024

Дачиќ: Во Крушевац пронајдена  лабораторија со 1.000 стебла марихуана

Дачиќ: Во Крушевац пронајдена  лабораторија со 1.000 стебла марихуана

Белград, 3 септември 2024 (МИА) - Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ  изјави дека вчера во Крушевац е откриена  лабораторијата за одгледување марихуана со околу 1.000 стебла канабис, што е  најголемата лабораторија досега пронајдена во овој град, јави дописникот на МИА од Белград.

- МВР се бори против трговијата на наркотици, а ова е уште еден доказ колку полицијата посветено работи на тоа дрогата да не стигне на улица, изјави Дачиќ.

Според соопштението на МВР, полицијата во Крушевац вчера во соработка со Управата за криминалистичка полиција извршила претрес во подрумските простории и пронајде околу 1.000 стебла од 70 сантиметри до еден метар височина, како и комплетна опрема за одгледување марихуана во вештачки услови. 

Полицијата уапси три лица од Крушевац под сомнение дека биле директно вклучени во одгледување и подготовка за продажба на наркотици. об/ми/