• Friday, 08 November 2024

Две експлозии во близина на израелската амбасада во Данска, тројца приведени

Две експлозии во близина на израелската амбасада во Данска, тројца приведени

Копенхаген, 2 октомври 2024 (МИА) - Данската полиција соопшти дека две експлозии, најверојатно предизвикани од рачни бомби, се случиле утрово во близина на израелската амбасада во Копенхаген.

По експлозиите приведени се три лица.

„Нема повредени, нема ниту оштетувања на зградата“, соопштија од амбасадата.

Еврејското училиште, кое се наоѓа во близина, е затворено и денеска нема да има настава.

„Јасно е дека израелската амбасада е во непосредна близина и тоа е, се разбира, аголот од кој гледаме“, изјави за мотивите на нападот заменик-помошникот комесар Јакоб Хансен од полицијата во Копенхаген.

Истрели се испукани и во израелската амбасада во Стокхолм, потврдија полициските сили во шведскиот главен град за новинската агенција ТТ.

Шведската полиција соопшти дека ги зголемила безбедносните мерки околу еврејските и израелските локации во земјата по претходните инциденти во амбасадата.

Во мај беше пукано во близина на амбасадата, а во јануари беше фрлена рачна бомба кон зградата, но не се активираше. паг/