• Sunday, 27 October 2024

Грузија: ГЦИК ги негираше тврдењата за изборни нерегуларности и ги нарече манипулација

Грузија: ГЦИК ги негираше тврдењата за изборни нерегуларности и ги нарече манипулација

Тбилиси, 26 октомври 2024 (МИА) - Грузиската Централна изборна комисија (ГЦИК) денеска соопшти дека информациите за однапред обележани гласачки ливчиња, кои се појавија во јавноста, се „манипулација“, пренесоа грузиските медиуми.

На денешниот брифинг за новинарите од ГЦИК, беше потврдено дека има три уреди за верификација на гласовите и седум изборни службеници одговорни задолжени за пребројување на гласовите, пренесува грузискиот инфо-портал Цивил.га.

Во соопштението на ГЦИК се наведува дека ниту еден од овие проблеми не предизвикал пауза во процесот на гласање.

За прв пат Грузија ќе користи нов електронски систем за броење на гласачките ливчиња, со хартиена резервна копија, а резултатите се очекуваат еден до два часа по затворањето на гласачките места во 20 часот по грузиско време. рп/

Фото: ЕПА