• Tuesday, 03 February 2026

Градоначалникот Костадинов со членовите на ФА „Китка“ во Чешиново - Облешево

Градоначалникот Костадинов со членовите на ФА „Китка“ во Чешиново - Облешево

Кочани, 3 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот Јорданчо Костадинов оствари посета на секцијата на Фолклорниот анасамбл „Китка“ од Истибања, што во неговата општина, Чешиново-Облешево, работи подолг период.

При посетата, Костадинов упати благодарност до директорот на ФА „Китка“, Стојко Стојков, како и до обучувачите, за нивната посветена и континуирана работа со околу 80 деца од општината Чешиново-Облешево.

Фолклорниот ансамбл „Китка“ има значајна улога во негувањето, зачувувањето и промоцијата на македонската култура и традиција, претставувајќи достоен репрезент на Општина Чешиново-Облешево и на Република Македонија на бројни културни манифестации во земјата и надвор од неа, смета градоначалникот Јорданчо Костадинов.

Истовремено, тој најави дека Општина Чешиново-Облешево и понатаму ќе продолжи со поддршка на културните дејности и младите кои ја негуваат македонската традиција. ис/вј/

Фото: Општина Чешиново-Облешево

 

You May Also Like