• Thursday, 19 February 2026

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија

Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) - Со 63 гласа „за“, седум против и без ниту еден воздржан Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија.

По изборот, Наумовски даде и потпиша свечена изјава во Собранието, со која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и ќе ги почитува Уставот и законите. 

Без расправа и со 68 гласа „за“, како и без ниту еден против и воздржан, Собранието на денешата 85. седница ја донесе и одлуката за давање овластување за склучување поединечен колективен договор, поднесен од претседателот на Собранието, Африм Гаши. мд/вг/

Фото: Принтскрин