Голден Стејт ги победи Клиперс во плејинот на НБА
- Кошаркарите на Голден Стејт вориорс ги победија Лос Анџелес клиперс рано утрово во плејин натпревар од НБА со 126:121. Натпреварот се одигра на стадионот „Интуит Доум“ во Инглвуд.
Инглвуд, 16 април 2026 (МИА) – Кошаркарите на Голден Стејт вориорс ги победија Лос Анџелес клиперс рано утрово во плејин натпревар од НБА со 126:121. Натпреварот се одигра на стадионот „Интуит Доум“ во Инглвуд.
Ѕвездата на Вориорс, Стеф Кари, постигна 35 поени и беше најдобар стрелец на натпреварот.
Во поразениот тим се истакнаа Матурин со 23 и Ленард со 21 поен.
Голден Стејт ќе игра против Феникс за место во плејофот. Натпреварот ќе се одржи на 17 април. зс/
Фото: ЕПА