• Monday, 09 March 2026

Гвардиола ќе пропушти два натпревара поради суспензија

Гвардиола ќе пропушти два натпревара поради суспензија

Лондон, 8 март 2026 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, ќе ги пропушти следните два натпревара на тимот поради суспензија.

Педесет и двегодишниот тренер вчеравечер го доби својот шести жолт картон оваа сезона во осминафиналето на ФА Купот против Њукасл (1:3).

Шпанецот нема да може да го води тимот на натпреварот од 30. коло од англиската Премиер лига против Вест Хем (14 март), како и за четвртфиналето од ФА Купот. 

Сепак, суспензијата нема да влијае на финалето на англискиот Лига Куп, каде што „Граѓаните“ ќе се соочат со Арсенал на 22 март.

Манчестер сити е втор на табелата во англиската Премиер лига со 50 бода. зс/

Фото: ЕПА