Гвардиола: Грилиш треба да ја врати формата и да се бори за стартно место во Манчестер Сити
- Џек Грилиш треба да се врати во старата форма и да се бори за стартно место во англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити, изјави менаџерот на тимот Пеп Гвардиола, цитиран од медиумите на Островот. Англискиот репрезентативец беше клучен играч во тројната круна во 2023 година, но беше изоставен од стартната постава оваа сезона и беше на клупата за резервната победа од 4-1 против Вест Хем викендот.
- Post By Спорт Миа
- 09:12, 6 January, 2025
Манчестер, 6 јануари 2024 (МИА) - Џек Грилиш треба да се врати во старата форма и да се бори за стартно место во англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити, изјави менаџерот на тимот Пеп Гвардиола, цитиран од медиумите на Островот. Англискиот репрезентативец беше клучен играч во тројната круна во 2023 година, но беше изоставен од стартната постава оваа сезона и беше на клупата за резервната победа од 4-1 против Вест Хем викендот.
Грилиш, кој долго време беше надвор од теренот поради повреда, има само шест премиерлигашки старта во новата сезона. Наместо него, игра Бразилецот Савињо.
-Савињо е во подобра форма од Џек и затоа игра. Дали го сакам тој Џек кој ја освои тројната круна? Да, но се обидувам јасно да размислам за тоа. Секој треба да се бори за своето место во стартната постава, и не мислам дека со овие зборови можам да навредам некого, изјави Гвардиола.
Гвардиола вели дека сите во тимот мора да се докажуваат.
-Џек треба да се мотивира да се бори за своето место со Савињо и да ја заработи својата стартна позиција. Тој мора да го прави тоа ден за ден, недела по недела, месец по месец. Џек беше повреден и треба повторно да влезе во ритам. Треба да игра, но пред тоа треба да тренира. Не се сомневам во неговите квалитети, ниту во оние на останатите наши играчи. Да немаа нив, тие не би биле тука, истакна тренерот на Сити. дс
Фото: Архива