Вучиќ најавува дека Макрон ќе ја посети Србија во следните 50 денови
- Post By Златко Шумковски
- 11:46, 26 July, 2024
Белград, 26 јули 2024 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја посети Србија во следните 50 дена.
„Денеска ќе имам кратка средба со Макрон и ја очекувам неговата посета во следните 50 дена и верувам дека можеме да обезбедиме важни договори“, најави Вучиќ од Париз каде што престојува на отворањето на Олимписките игри. зш/