Втор ден од КОП29
- Десетици лидери денеска ќе се обратат на Конференцијата на ОН за климатски промени, меѓу кои и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш
Баку, 12 ноември 2024 (МИА) – Десетици лидери денеска ќе се обратат на Конференцијата на ОН за климатски промени, меѓу кои и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Претставници од речиси 200 држави присуствуваат на Самитот познат како КОП29, што почна вчера во главниот град на Азербејџан, Баку. Тие ќе разговараат за тоа како да се контролира климатската криза и да се ублажат последиците почести и големи поплави, циклони, шумски пожари, топлотни бранови и суши.
Самитот, исто така, има за цел да одговори на новите финансиски обврски за сиромашните земји кои се особено погодени од климатските промени.
Некои лидери одлучија да не присуствуваат на КОП29, меѓу кои францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и бразилскиот претседател Лула да Силва, чија земја треба да го преземе претседателството на КОП во 2025 година. ми/
фото: МИА архива