Вториот гроб на светиот Лазар во Ларнака на Кипар - возбудлива приказна за моштите
- Во еден од гробовите под црквата, на еден од саркофазите, пишувало на грчки: „Лазар од четирите денови, пријател на Исус Христос“. Тоа јасно упатувало на Лазар од Евангелието по Јован, кого Исус го воскреснал четири дена по неговата смрт во Витанија близу Ерусалим. По распнувањето на Исус, Лазар бил во опасност бидејќи бил жив сведок за неговите чуда и со самото тоа опасност за фарисеите. Поради тоа, морал да побегне кога веќе станало евидентно дека ќе го убијат. Заминал на Кипар, според легендата некаде околу 45 година и бил именуван за бискуп од страна на светите Петар и Павле. Тука тој го проширил христијанството и се смета дека живеел уште 30 години, до 75 година. Тука починал и бил закопан.
- Post By Дарко Јаневски
- 20:31, 4 April, 2026
You need to login to view this page en