• Thursday, 07 November 2024

Втора работилница од Проектот за развој на советувалишна и советодавна тераписка работа со маргинализирани групи во Делчево

Втора работилница од Проектот за развој на советувалишна и советодавна тераписка работа со маргинализирани групи во Делчево

Делчево, 6 ноември 2024 (МИА) - Во Делчево денеска се одржа втората работилница од проектот за развој на советувалишна и советодавна тераписка работа со маргинализирани групи. Психологот Мика Илиева која ја имаше улогата на предавач на работилницата истакна дека нејзината цел била да се поттикне самосвесноста кај идентификуваните корисници и нивните родители за нивните права но и да бидат известени и за бенефитите од тоа кое што можат да го добијат преку овој проект.

-Акцентот на денешната работилница го ставивме и на можноста за самопомагање и самопомош и поддршка од други лица на целната група а тоа се лицата со посебни потреби и нивните родители. Првенстевно акценот го ставивме на Менталното здравје и факторите кои влијаат на нарушување на менталното здравје. Преку одбрани совети, вежби и техники и интерактивна работа, целта ни беше да добиеме повратна информација од учесниците, да можеме поблиску да се запознаееме со нивните потреби и да ги насочиме правилно, што е тоа што можат да го очекуваат и да го искористат, истакна Илиева.

Учесниците во обуката имаа прилика да се запознаат и со соодветните техники и вештини како да се надминат одредени негативни состојби кога е Менталното здравје во прашање.

-Со нив споделивме техники и вештини за надминување на одредени компоненти на депресија или анксиозност, состојби кои значат нарушување на менталното задравје, поточно како да ги развијат тие техники и да си помогнат во одредена ситуација. Многу е значајно што проектот предвидува нешто што е значајно, а тоа е социопсихолошка поддршка во однос на менталното здравје. Тоа значи дека ќе имаат можност да се пријават кај лиценцирани стручни лица кои ќе работат со терапевстки постапки за набљудување на здравје како на родителите, така и на нивните деца, додаде Илиева.

Прифаќањето на една ваква услуга, според неа, значи свесност на лицата за потребата од една таква поддршка и информација од кого може да ја добие таквата поддршка.

Развој на советувалишна и советодавна тераписка работа со маргинализирани групи, со посебен акцент на лицата со попреченост и родители е проект кој со финансиска поддршка на Мрежата на заедница на локалните самоуправи од Југоисточна европа - НАЛАС, ГИЗ и ЗЕЛС како партнери во проектот ќе се реализира во наредните шест месеци. Проектот го реализира невладината организација Бравура Кооператива и Општина Делчево. вс/дма/


Фото: МИА

You May Also Like