Врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во Белград фрлена експлозивна направа
- Пејачот, неговата сопруга и ќерката биле во куќата во моментот на детонацијата, но не се повредени.
Белград, 3 февруари 2026 (МИА) - Експлозивна направа била фрлена ноќеска врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во Белград, при што е предизвикана материјална штета.
Според првичните информации, пејачот, неговата сопруга и ќерката биле во куќата во моментот на детонацијата, но не се повредени.
Полицијата се сомнева дека станува збор за рачна граната, а мотивот за нападот засега е непознат.
Дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград излезе на местото на настанот, каде што, заедно со полицијата, се утврдуваат сите околности на тој напад. зш/сд/