• Thursday, 17 October 2024

ВРЕДИ: Албанската академија е исклучиво научен проект

ВРЕДИ: Албанската академија е исклучиво научен проект

Скопје, 16 октомври 2024

Албанската академија е исклучиво научен проект, кој има за цел да ја унапреди академската мисла. Бидејќи Албанските интелектуалци систематски се дискриминирани во МАНУ, тие немаат простор каде да делуваат. Поради тоа, ние бевме принудени да создаваме платформа која ќе овозможи развој на научната мисла.

Додека МАНУ покажува инертност за реформи и одбива да ја прифати сегашната фактичка состојба, албанските интелектуалци се принудени да создадат платформа која нема да работи според политички или етнички критериуми, туку само врз основа на науката.

Во 21 век, неприфатливо е да има противење на научните трудови и на унапредувањето на знаењето.

Апелираме до сите политички партии наместо да критикуваат,  да се охрабарат и да дадат поддршка за оваа иницијатива, за преку инклузивна дебата да се најде правично решение за претставувањето на Албанците во највисоките академски кругови.

Како ВЛЕН, не можеме да ја прифатиме логиката на двојна негација, каде што МАНУ не ги отвора целосно вратите за Албанците, а истовремено се проблематизира основање на Албанската академија.

 

ВРЕДИ

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.