Во Штип се гради нова улица кон новата Клиничка болница и медицинското училиште
- Почна пробивањето на нова улица, која ќе ги поврзува улиците „Мирче Ацев“ и „Тодор Колораров“ кои водат до новата зграда на Клиничка болница и средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека станува збор за нова поширока улица. Потребата од нејзината изградба е поради големата фреквенција на возила околу штипската Клиничка болница.
You need to login to view this page en