• Thursday, 19 February 2026

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство

Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) - Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска се одржа средба за зголемување на платите во јавното здравство, објави директорот на ФЗО Сашо Клековски.

- На средбата со Ѓорѓи Ставридис и Љубиша Каранфиловски од Самостоен синдикат за здравство и Предраг Серафимовски и Перо Спиров од Самостоен синдикат на Клинички центар разговаравме за моделите на зголемување на платите во јавното здравство, наведува Клековски на Фејсбук.

Во следниот период ќе се прават финансикси анализи, врз основа на кои ќе продолжи дијалогот.

На средбата станало збор и за потребата од утврдување на репрезентативност на синдикатите во здравство, нов колективен договор за здравство и за справување со тужбите на вработени против јавните здравствени установи и негативните последици.са/

Фото: МИА