• Wednesday, 23 July 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Струмица претставено израелско решение за паметно управување со отпад

Во Струмица претставено израелско решение за паметно управување со отпад

Струмица, 24 јуни 2025 (МИА) - Во Струмица денеска, пред членовите на Советот за превенција беше претставено израелското решение за паметно управување со отпад. Решението го претставија од компанијата „Гениум“, од каде изјавија дека во денешно време тоа помага да се зголеми ефикасноста и да се намалат оперативните трошоци за собирање на отпадот.

Според Владимир Костадинов, претставник на компанијата, со примена на решение со кое може да се соберат сите податоци и да се обработат за да се знае за состојбата на отпадот и неговата количина.

-Во секое време ќе знаеме што се случува со отпадот, бидејќи реално тој постои, но не знаеме точно колкава е количината која се собира. Со ова решение ќе знаеме точно во кој момент каде, колку и каков отпад има. Значи, го збогатуваме процесот на селекција, процесот на колектирање и процесот на управување со самиот отпад, смета Костадинов.

Додава дека самото решение се темели на дигитална платформа, која од различни типови на извори ги собира и ги обработува информациите кои ќе се собираат од камери или сензори.

-Тие може да се постават на камионите што го собираат отпадот, а сензори може да се постават на самите канти за отпадоци, на контејнерите и практично со тој податок точно ќе се знае колкава количина на отпад има, односно колку е полна кантата или контејнерот и дали треба да се изврши собирање на отпадот, посочува Костадинов.

Според него, камионите го собираат отпадот по однапред одредени маршрути, но не се знае дали и колку отпад има.Со примената на паметното решение ќе се знае точно која рута треба да се вози, кои камиони треба да отидат, кои канти и кнтејнери за отпадоци ќе се празнат.

-Со тоа операторот ќе знае каде точно треба да отиде и драстично ќе ги намали оперативните трошоци и практично во реално време се создаваат работните налози и се креираат рутите кои треба да ги поминат камионите, појаснува претставникот на израелската компанија.

На крајот истакна дека искуството од Израел за примена на вакво паметно решение е големо, бидејќи тое е присустно во сите општини и колектирањето на отпадот е многу рационално, а општините имале намалени оперативни трошоци.

Инаку, досега ова решение не е применето во државата, а освен во Струмица решението е презентирано и во други општини.рт/са/

Фото: МИА