• Wednesday, 26 June 2024

Во Србија во 2022 година речиси половина од смртните случаи биле поради кардиоваскуларни заболувања

Во Србија во 2022 година речиси половина од смртните случаи биле поради кардиоваскуларни заболувања

Белград, 26 јуни 2024 (МИА) – Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар денеска изјави дека во 2022 година 47 отсто од вкупниот број починати таа година живото го загубиле поради кардиоваскуларни заболувања. Втора најчеста причина за смрт била - малигнен тумор, пренесе Бета.

Во изјава за РТС тој рече дека загрижува тоа што речиси две третини од починатите во 2022 година починале од болести што може да се спречат.

Тој најави дека од 1 септември до крајот на годината граѓаните на возраст над 40 години ќе можат да направат бесплатен превентивен преглед за време на викендот, а во текот на летните месеци прегледи ќе се организираат и во ординација на ендокринолог.зш/