• Wednesday, 08 January 2025

Во Словенија минатата година се родени само 16.735 деца

Во Словенија минатата година се родени само 16.735 деца

Љубљана, 7 јануари 2025 (МИА) - Во Словенија минатата година имало 16.735 породувања, што е за 130 помалку од 2023 година. Тоа е досега најниско ниво на бројот на родени во Словенија, соопшти Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Проценетиот број живородени, вклучително и повеќеплодната бременост, е околу 16.900.

Засега, привремените и неофицијални податоци на НИЈЗ го потврдуваат продолжувањето на негативниот тренд на бројот на родени деца во Словенија.

Со исклучок на 2021 година, бројот на родени деца се намалува од 2010 година. НИЈЗ како главна последица од помалиот број раѓања го наведува намалувањето на бројот на жени во репродуктивна возраст. Во исто време, вкупниот наталитет останува релативно стабилен, иако и тој е во благ пад, додаваат од НИЈЗ. рп/

Фото: МИА архива