Во Скопје претстојниот викенд шаховски фестивал „50 години ШК Алкалоид“
- Шаховскиот клуб Алкалоид на 4 и 5 април во хотелот „Континентал“ во Скопје ќе организира два турнира: еден во брзопотезен шах (блиц) – 13 рунди со темпо на игра од три минути од играч и две секунди за потег, а вториот во забрзан шах (рапид), при што играчите ќе играат 11 рунди со темпо од 10 минути од учесник плус пет секунди за потег. Предвиден е награден фонд од 130.000 денари за првиот турнир и уште 230.000 денари за вториот турнир. Во двата случаи ќе им бидат доделени награди на десетте најдобропласирани играчи, како и специјални награди на шахистките, ветераните и на јуниорите.
- Post By Зоран Стерјовски
- 12:04, 1 April, 2026
You need to login to view this page en