• Wednesday, 12 March 2025

Во Скопје дискусија за генска терапија и предавања за ретки болести за лекари по семејна и општа медицина

Во Скопје дискусија за генска терапија и предавања за ретки болести за лекари по семејна и општа медицина

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ - Битола денеска ќе реализира два последователни настани во Скопје. 

Првиот е дискусија за генска терапија. Со цел подобро запознавање со генската терапија на пациентите и семејствата со ретки болести, како што наведуваат од здружението, се организира кратка дискусија и промоција на брошура за генска терапија.

Во рамки на кмапањата „Ти си редок херој“, ова здружение и Здружението на лекари по општа - семејна медицина (ЗЛОМ СМ) во соработка со Комисијата за ретки болести при Министерството за здравство, организираат едукативен симпозиум за лекари на семејна медицина со цел препознавање симптоми на ретки болести и соодветно реферирање за дијагностика и третман. бд/мд/

Фото: „Живот со предизвици“