• Thursday, 17 October 2024

Во Северна Каролина речиси сто луѓе се водат како исчезнати по ураганот Хелен

Во Северна Каролина речиси сто луѓе се водат како исчезнати по ураганот Хелен

Вашингтон, 16 октомври 2024 (МИА) – Најмалку 92 луѓе се водат како исчезнати во американската сојузна држава Северна Каролина откако ураганот Хелен ги погоди САД кон крајот на септември.

- Сакам да предупредам дека ова не е конечната бројка, бидејќи работната група продолжува со работа, наведе гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер.

Хелен ги погоди САД на 26 септември, тоа е вториот најсмртоносниот ураган во земјата изминатите 55 години. Најмалку 243 лица загинаа во неколку сојузни држави, вклучувајќи 118 во Северна Каролина. ми/

фото: ЕПА