Во Охрид стручен состанок „Една вакцина за сите“
- Во Охрид денеска ќе се одржи на стручен состанок „Една вакцина за сите“ што е наменет за матични лекари, педијатри и гинеколози.
Охрид, 1 октомври 2024 (МИА) - Во Охрид денеска ќе се одржи стручен состанок „Една вакцина за сите“ што е наменет за матични лекари, педијатри и гинеколози.
Состанокот е резултат на соработката на Комисија за имунизација при Министерство за здравство и Центар за семејна медицина Медицински Факултет, со цел воведување на 9-валентна ХПВ вакцина во редовниот вакцинален календар.
Како што е најавено од организаторите, на состанокот ќе се обратат проф. д-р Катарина Ставриќ -Медицински Факултет, Скопје на тема „Опфат со задолжителната имунизација на деца во Македонија за 2023 година со осврт на ХПВ вакцина“, за „Медицинско значење и безбедност на ХПВ вакцина“ ќе говори проф д-р Александра Грозданова - Фармацевтски факултет, Скопје, додека за „ ХПВ асоцирани заболувања“ ќе говори доц. д-р Ирена Алексиоска Папестиев - ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство, Скопје.
Состанокот е акредитиран од Лекарска Комора со четири бода. цр/вг/
Фото: принтскрин