• Monday, 17 June 2024

Во Музеј на вино Кавадарци уметници ќе творат на тема вински артефакти 

Во Музеј на вино Кавадарци уметници ќе творат на тема вински артефакти 

Кавадарци, 14 мај 2024 (МИА) - Во Музеј на вино Кавадарци уметници ќе творат на тема вински артефакти, подготовките се во завршна фаза, соопшти денеска директорката Весела Честоева, за настанот што се подготвува за во сабота, на меѓународниот ден на музеите. 

- Ликовни уметници ќе творат во чест на музеите. Темата на ликовниот хепенинг, е „Винскиот музеј низ артефактите". Всушност, на лице место, уметниците ќе сликаат на платно, додека заедно со посетителите кои ќе ја следат нивната активност, ќе имаат можност да дегустираст  вино од ова поднебје и македонска храна. Настанот го организираме во соработка со здружението на граѓани љубители на уметноста ,,Роднокрајци", чии претставници ќе творат на платно. Ги спојуваме историјата, културата и традицијата на лозаровинарството во најголемиот регион за лозарство и винарство во државата. Уметноста на платно и уметноста во извонредните вино и храна, подвлече Честоева.  

Настанот е дел од програмата за работа на музејот, со поддршка на локалната самоуправа. свд/дма/

 

Фото : Плакат за настан