Во Загреб вечер ќе биде отворена изложба на фотографии од Фото кино клуб „Козјак” – Куманово
- Во просториите на Фото клуб Загреб (ФК Загреб), вечерва во 19:30 часот ќе биде отворена клупската изложба на Фото кино клуб „Козјак“ – Куманово (ФКК „Козјак“), насловена „Луѓе“. Посетителите ќе имаат можност да разгледаат 60 фотографии на авторите: Иван Михајловиќ, Марјан Јаневски, Милош Нешковски, Марјана Павличек, Филип Илиевски и Дејан Краљевски.
Куманово, 11 февруари 2025 (МИА) - Во просториите на Фото клуб Загреб (ФК Загреб), вечерва во 19:30 часот ќе биде отворена клупската изложба на Фото кино клуб „Козјак“ – Куманово (ФКК „Козјак“), насловена „Луѓе“. Посетителите ќе имаат можност да разгледаат 60 фотографии на авторите: Иван Михајловиќ, Марјан Јаневски, Милош Нешковски, Марјана Павличек, Филип Илиевски и Дејан Краљевски.
-Публиката од Загреб ќе има можност да посети изложбата до крајот на февруари. Ова е кулминација на долгогодишната плодна соработка помеѓу ФКК „Козјак“ и ФК Загреб и нивните членови. Се надеваме дека и ФК Загреб со неговите членови во блиска иднина ќе ни бидат гости во Куманово, информираа од Фото кино клуб „Козјак“
„Козјак“ е најстариот активен фото и кино клуб во земјава, формиран 1948 година и до ден денес опстојува со своите активности. Клубот „Козјак “и во денешно време е еден од најактивните и најбројните клубови, од кој произлегуваат фотографи и филмски уметници, познати на светот со своите вонредни дела. Низ годините, клубот организира и учествува во многубројни клупски, меѓународни изложби, кои резултираат со награди, дипломи и признанија за членовите. Веќе неколку години клубот организира меѓународни изложби, меѓу кои и една од најпрестижните изложби на фотографии „Фото Салон“.
Фотоклубот од Загреб е еден од најстарите клубови во овој дел на Европа, основан во 1892 година. Денес, Фото клуб Загреб има повеќе од двесте активни членови, а отворен е за соработка со аматери, професионалци, ученици, студенти, професори, инженери, лекари … ам/дма/
Фото: „Козјак“