• Thursday, 18 July 2024

Во Германија две лица осудени поради извоз на електронски компоненти во Русија

Во Германија две лица осудени поради извоз на електронски компоненти во Русија

Берлин, 17 јули 2024 (МИА) – Судот во Штутгарт осуди две лица поради испорака на електронски компоненти на руски фирми поврзани со производство на воена опрема во периодот од јануари 2020 до мај 2023 година.

На шест години и девет месец затвор осуден е 59-годишен маж, државјанин на Германија и Русија поради кршење на законот за извоз. Додека 54-годишна жена, исто така со двојно државјанство, осудена е на условна казна од една година и девет месеци.

Судот наложи и заплена на имот вреден околу 880.000 евра, што одговара на заработката од продажбата на електронски компоненти.

Осудените по руската инвазија врз Украина се обиделе да ги избегнат санкциите на Европска Унија кон Москва, наведувајќи дека нивни купувачи се од Хонг Конг, Киргистан, Казахстан, Обединети Арапски Емирати и Турција, иако сите нивни испораки биле во Русија. ми/

фото: МИА архива