• Saturday, 04 January 2025

Во Велес собрани 31 единица крв

Во Велес собрани 31 единица крв

Велес, 2 јануари 2025 (МИА) - Во Станицата за Трансфузиологија во Велес денеска се собрани 31 единица крв од велешките крводарители.

Од станицата за Трансфузиологија, која е во склоп на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во изјава за МИА, потенцираа дека велешките крводарители се меѓу најхуманите и секоја недела голем број од нив самоиницијативно се јавуваат да даруваат крв.

Орце Николов секретар на Општинскиот Црвен крст за МИА нагласи дека велешките крводарители лани дарувале над 3750 крвни единици, собрани од крводарители  во бројните акции за доброволно дарување на крв во Велес, Чашка и Градско.

-Со тоа велешките крводарители, како и многу години по ред наназад и во 2024 година, уште еднаш потврдија дека се на врвот на најхуманите во земјава, потенцира Николов.

Инаку, во Станицата за крводарување самоиницијативно секој граѓанин може да дарува крв секоја седмица во четврток и понеделник.ад/фф/

Фото: Општински Црвен крст Велес