• Thursday, 07 November 2024

Во Велес покрај  Вардар се гради кејот од Мало мовче до Стар мост

Во Велес покрај  Вардар се гради кејот од Мало мовче до Стар мост

Велес, 1 октомври 2024 (МИА) - Во тек е  изградбата на кејот на река Вардар од десната страна на Велес. Градежни активности има на потегот од Мало мовче до Стар мост,  информира Општина Велес.

Оттаму додаваат дека  со поврзување на двата потега граѓаните на Велес  ќе добијат уште едно уредено пријатно место за одмор и релаксација.

Претходно со европски пари беше изграден кејот на десната страна од Вардар,  на потегот од новиот мост „Гемиџии“ до Мало Мовче. ад/мд/

Фото: Општина Велес