• Friday, 06 March 2026

Во Велес отворена изложбата на Ангел Коруновски „Лица“

Во Велес отворена изложбата на Ангел Коруновски „Лица“

Велес, 6 март 2026 (МИА) – Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена ликовната изложба на Ангел Корунвски „Лица“, сублимат на  неготото 20 годишно творештво на скултури, слики, црежи.

Во изјавата за МИА, авторот Корунивски посочува дека изложбата „Лица“ е негов револт и крик кон глобзлизацијата, со цел да го сврти вниманието и кон обичните луѓе кои се занемарни во општетството, затоа што во овој свет за жал владее материјалното и сите се во трка по пари, а се занемарува поединецот и неговиот талент и вредности.

-За жал глобализацијата го трасира патот на човекот само во еден правец, при што се губи талентот и за нив тој не е битен. Затоа јас оваа изложба ја посветувам на обичниот човек, на човекот кој  живее во овој свет и се труди да придонесе нешто вредно што останува, потенцира Коруновски.

Појасни дека оваа серија е инспирирана од невидливото – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет.

-Преку синтеза на колаж, гест, акција и апстракција, овие дела даваат визуелна форма на човечкото присуство кое постои под површината на модерната бучава. Секој портрет произлегува од слоеви на искинати весници – фрагменти од масовни медиуми кои го претставуваат огромниот тек на глобални информации. Самите материјали, некогаш носители на јавна вистина, се пренаменети во интимни, лични наративи. Експресивните ознаки и дамки стануваат траги од емоции, отпор и преживување во рамките на системи кои постојано ја бришат индивидуалноста. Лицата се нецелосни, фрагментирани и делумно замаглени – отсликувајќи ја состојбата на оние кои се борат да останат видливи во свет кој ја мери вредноста преку потрошувачка и конформизам. Во оваа тензија помеѓу препознавањето и исчезнувањето, делата го поставуваат прашањето што значи да се биде човек во ера во која идентитетот е посредуван од моќ, економија и спектакл, потенцира Коруновски.

Инаку по  Скопје и Велес, авторот Коруновски изложбата ќе ја претстави и во Белград и и други градови.ад/вј/

Фото МИА