• Saturday, 28 February 2026

Во Битола презентирана програмата „Заедници со интегритет“

Во Битола презентирана програмата „Заедници со интегритет“

Битола, 27 февруари 2026 (МИА) - Во Општина Битола денеска беше презентирана програмата „Заедници со интегритет“ чија цел е да помогне општините во земјава да создадат и институционализираат силни системи и практики за интегритет.

По завршувањето на обуката, од Општина Битола информираа дека со програмата се овозможува да се минимизираат ризиците од корупција и се зголемува довербата на граѓаните. 

На денешната обука „Судур на интереси“ присуствуваа вработени од општинската администрација, избрани и именувани функционери. Програмата „Заедници со интегритет“ е проект финансиран од владите на Швајцарија и Шведска, а спроведен од Националниот демократски институт (НДИ). 

Програмата се спроведува во неколку општини, а меѓу нив е и Општина Битола за што јавна благодарност искажа градоначалникот Тони Коњановски кој во поздравниот говор истакна дека оваа програма е многу важна за Општина Битола и натаму да биде високо позиционирана на листата за транспарентност и исполнување на обврските без судир на интереси.

Во рамки на обуката се обратија претставник на Националниот демократски институт, како и претседателот на Државната комисија за спречување корупција, Адем Чучуљ. мт/аа/

Фото: Општина Битола

You May Also Like