• Thursday, 05 March 2026

Во Битола одбележана годишнина од смртта на Милтон Манаки

Во Битола одбележана годишнина од смртта на Милтон Манаки

Битола, 5 март 2026 (МИА) - Општина Битола, Комуната на Власите и Кино клубот „Милтон Манаки“ денеска одбележаа 62. години од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки. 

Според востановената традиција, чествувањето се одвива на влашките гробишта во Битола со полагање цвеќе и давање почит за делото на Манаки.

-Големото Манакиево дело вечно трае. Чест и задоволство е во име на градот, во име на граѓаните на Битола да се положи цвеќе на великанот на кинематографијата, не само балканската, туку и светската. Тоа и времето и историјата го покажа. Приказната на браќата Манаки е една од позитивните историски приказни, значајни, не само за Балканот туку и пошироко и кога ќе ја спомнете Битола несомнено, не можете да го издвоите Манаки од тој историски контекст, истакна градоначалникот Тони Коњановски. 

За време на денешното чествување беше потсетно на иницијативата, посмртните останки на неговиот брат Јанаки да бидат донесени во Влашките гробишта до гробот на неговиот брат Милтон во Битола.мт/са/

Фото: Општина Битола

You May Also Like