• Tuesday, 10 February 2026

Во Берово одржана инфо сесија за Јавниот повик за граѓански организации

Во Берово одржана инфо сесија за Јавниот повик за граѓански организации

Берово, 9 февруари 2026 (МИА) - Во Берово денеска се одржа информативна сесија за Јавниот повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти, во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3, финансиски поддржана од Европската Унија.

Градоначалникот Петар Ружински кој присуствуваше на средбата изрази искрена благодарност до Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, како и до Европската Унија, кои преку ReLOaD3 овозможуваат јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор во Берово и создаваат реални можности за имплементација на значајни проекти во општината.

-Денешната инфо сесија претставуваше можност за појаснување на сите аспекти поврзани со јавниот повик, со цел граѓанските организации да подготват квалитетни, одржливи и реални проектни апликации.За сите дополнителни прашања, можност за појаснување и менторска поддршка при подготовка на апликациите, согласно ЛОТ методологијата, граѓанските организации ќе имаат можност и во текот на утрешниот ден, истакна Ружински.

Тој изрази надеж дека преку заедничка работа ќе се придонесе кон создавање проекти кои ќе донесат конкретни и видливи придобивки за граѓаните на Берово.

Сесијата ја карактеризираше отворена атмосфера, дискусии и размена на идеи, а присутните организации ја искористија можноста да поставуваат прашања и да добијат конкретни совети за реализација на проектите. Овој настан е само еден од низата активности со кои општината Берово, во соработка со УНДП и ЕУ, ја поттикнува и поддржува иновативноста и активизмот на граѓанските организации.

За сите дополнителни прашања, можност за појаснување и менторска поддршка при подготовка на апликациите, согласно ЛОТ методологијата, граѓанските организации ќе имаат можност да дискутираат во текот на утрешниот ден. вс/нд/

Фото: МИА

You May Also Like