Возел со 3,19 промили алкохол во крвта и излетал од патот, приведен 38-годишник од кратовско Татомир
- На регионалниот пат село Татомир - Кратово, во селото Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
- Post By Блаже Дарудов
- 12:08, 27 January, 2026
Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - Возел со 3,19 промили алкохол во крвта и излетал од патот, полициски службеници лишиле од слобода 38-годишник од кратовското село Татомир.
- Синоќа во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР - Кратово го лишија од слобода С.С., на возраст од 38 години од кратовското село Татомир. Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат село Татомир - Кратово, во селото Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, како што додадоа, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. бд/дма/
Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи