• Monday, 28 October 2024

Воздухопловно едукативен саем „Скопје Ер фер 2024“

Воздухопловно едукативен саем „Скопје Ер фер 2024“

Скопје, 26 октомври 2024 (МИА) - Во Градски Парк во Скопје денеска ќе се одржи 4. воздухопловен едукативен саем „Скопје Ер  Фер 2024“, во организација на Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН.

На саемот ќе бидат претставени воздухопловните професии, а ќе бидат присутни воздухопловни ентитети од земјата и регионот, како и професионалци од разни сфери на воздухопловството кои ќе се обидат да им ја доближат авијацијата на младите.

Оваа година, како што најавија организаторите, на саемот ќе биде споделена успешна приказна за младиот битолчанец Христијан Котевски кој својот воздухопловен пилотски пат го започнал на првото издание на SKOPJE AIR FAIR во 2021 година. цр/лв/

Фото:  Здружение за подобро воздухопловство АВИКОН