• Thursday, 18 July 2024

Водостопанство ,,Тиквеш" апелираше да не се пушта самоволно вода од страна на несовесни водокорисници

Водостопанство ,,Тиквеш

Кавадарци, 17 јули 2024 (МИА) - Подружницата на АД Водостопанство „Тиквеш" од Кавадарци, апелираше да не се пушта самоволно вода од страна на несовесни водокорисници. 

- Изминатиов период затекнавме многу дефекти на хидранти настанати поради самоволното пуштање на вода на водокорисниците. Затоа ве замолуваме во наредниот период да не се охрабрувате самоволно да пуштате вода за наводнување. Доколку не се почитува оваа предупредување, во наредниот период ќе следува пријава на граѓани кои ќе бидат затекнати на лице место, соопштија од „Тиквеш". 

Доколку има проблем со водоснабдувањето, тие ги повикаа водокорисниците,  да се обратат  до  надлежните, кои се задолжени за водоснабдувањето во нивниот регион. свд/дма/


Фото : Фејсбук на Водостопанство,,Тиквеш" 

You May Also Like