ВМРО-ДПМНЕ: Пругата Куманово – Бељаковце, не е на СДС, туку на граѓаните на Македонија
- СООПШТЕНИЕ - Пругата Куманово – Бељаковце, не е во приватна сопственост на СДС, ниту пак на ниту една политичка партија, туку на граѓаните на оваа држава.
- Post By Сашо Арсовски
- 17:27, 17 January, 2025
17 јануари 2025
Пругата Куманово – Бељаковце, не е во приватна сопственост на СДС, ниту пак на ниту една политичка партија, туку на граѓаните на оваа држава.
Соопштенијата кои што ги праќа СДС до јавноста, каде што се фалат што имаат они сработено, а видливо е за граѓаните што тие направија изминативе 7 години, се крајно лицемерни и неточни.
Па затоа да ги потсетиме граѓаните, колку тие мислеле на истите и што имаа направено изминативе години власт, заедно со нивниот криминален и коруптивен партнер ДУИ.
Железничкиот сообраќај никогаш не бил полош во нивното владеење. До толку не и беше грижа на СДС и ДУИ за железниците, па поставуваа келнер да ја води оваа институција.
Укинуваа домашни возни линии, немаше воз на релации Скопје-Кичево, Скопје-Кочани, немаше никаква набавка на нови возни гарнитури, доцнеа и не им беа исплаќани плати на вработените, штрајкови се правеа на сите страни, а од власта на СДС и ДУИ, само молк.
Граѓаните, имаа дадено оценка од 2,91 за 2023, и 2,76 за 2022, за тоа како се задоволни од македонски железници.
За разлика од порано, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, за 2011 година, 1,4 милиони граѓани користеле услуги, односно го користеле возот како превозно средство, а во 2023 година, кога СДС била на власт, околу 260 илјади граѓани ја користеле оваа опција.
ВМРО-ДПМНЕ, имаше јасна визија за железниците. Набавени беа 150 нови товарни вагони, 6 нови патнички возови, 4 електрични локомотиви, комплет тест опрема за дијагностика во одржувањето, комплетно реновирање на халите за одржување на железничките возни средства итн. СДС и ДУИ, не успеаја ниту да го одржат сето ова.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува посветено да работи за подобрување на железниците во државата!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.