• Saturday, 09 November 2024

Влада: За 100 дена, повеќе од 100 нови проекти и мерки

Влада: За 100 дена, повеќе од 100 нови проекти и мерки

Скопје, 2 октомври 2024 

100 дена Влада, повеќе од 100 нови проекти и мерки

Почитувани,

100 дена нова Влада значи повеќе од 100 нови проекти и мерки за сите граѓани.

Се обврзавме да работиме и да ја трансформираме државата напред, да го подобриме животниот стандард, да отвориме нови работни места, да инвестираме отворање на нови детски градинки, повисоки пензии за над 330.000 пензионери, да инвестираме во инфраструктурни проекти и многу други капитални проекти за доброто на граѓаните.
Владата работи посветено, одговорно и домаќински.

За само 100 дена реализиравме дел од проекти:

ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ преку линеарно покачување на пензиите на над 330.000 пензионери!

Историски највисоки 250 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ОПШТИНИТЕ! Пристигнати 357 проекти од 80 општини на јавниот повик.

ПОЕФТИНИ ЛЕКОВИ преку проширување на позитивната листа со 9 генерици, вкупно 87 лекови!

ВРАБОТУВАЊЕ на 600 СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ во јавните здравствени установи!

За 100 дена 4 СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ во износ од 600 МИЛИОНИ ЕВРА за нови над 1.500 вработувања!

Странска инвестиција за изградба на ветерници во државата со капацитет до 400MW на „Aлказар Енерџи“ во вредност од 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ. Оваа инвестиција ќе се реализира во општините Радовиш, Штип и Карбинци, а ќе бидат инсталирани 55 ветерници и 630 нови вработувања, со што 100.000 граѓани ќе се снабдат со електрична енергија.

Германско-белгиска на „Епсотех Аим“ инвестира во развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра и нови 110 ВРАБОТУВАЊА.

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра и нови над 100 вработувања!

ИНВЕСТИЦИЈА на германската компанија „BMZ Group“ за производство на литиум јонски батерии во вредност од 65 милиони евра и отворање нови 700 вработувања!

Обезбедени средства за исплата на регрес за над 84 илјади вработени во вредност од 11.000 денари!

Исплатени над 1 милијарда денари за СУБВЕНЦИИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО заостанати од претходната влада!

ИСПЛАТЕНИ ЗАОСТАНАТИ ПЛАТИ во износ од половина милијарда денари на 3000 вработени во Национални шуми и АД Водостопанство!

Исплатен долг од 2 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ на Фондот за здравство!

ОТКОЧЕНА ИЗГРАДБАТА на Штипската болница!

После 7 години обезбедени БЕСПЛАТНИ УЧЕБНИЦИ ЗА СИТЕ!

„Помалку трошоци – повеќе за сите“- НАМАЛЕНИ ЦЕНИ И МАРЖИ за купување на училишен прибор!

ПОЕВТИНИ КАТАСТАРСКИ УСЛУГИ - до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните!

Рекордно НАЈВИСОКА ОТКУПНА ЦЕНА за сортите Вранец и Смедеревка!

ДВОЈНО ПОВИСОКИ субвенции за хектар јачмен – зголемување за 100% - од 6.000 денари на 12.000 денари!

Во месец јули 2024 година на патарините собран промет од 470.194.563 денари што е за ЦЕЛИ 16.071.251 ДЕНАРИ ПОВЕЌЕ, споредено со истиот период лани, со што се потврдува домаќинското работење на оваа Влада споредено со претходната!

РЕКОРДНИ ПРИХОДИ - Царинската управа со 12 милијарди денари приход, УЈП со 13.4 милијарди денари приход!

ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ - Ограничена маржа на над 70 производи!

Издавање на ПАСОШИ И ЛИЧНИ КАРТИ ВО РЕДОВЕН РОК!

18 милиони евра за РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ!

Отпочната процедура за влез на трет мобилен оператор за ПОНИСКИ ЦЕНИ НА УСЛУГИ!

Одлука за формирање на СОВЕТ ЗА УПРАВУВАЊЕ со јавни финансии!

200.000 НОВИ ПАТНИЦИ во Македонија со новата финансиска поддршка за нови авио дестинации!

ПОРАСТ НА ПРОСЕЧНИТЕ НЕТО ПЛАТИ - по вработен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година за 12%!

РАСТ НА ИНСУСТРИСКОТО ПРОИВОДСТВО од 3,8%

БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА - Обемна акција за основан сомнеж и предистрага за случајот Крмзов и злоупотреба на десетици милиони евра.

Пуштање во употреба на НОВ БУЛЕВАР со кој Гевгелија се поврзува со автопатот, за што се инвестираа 19 милиони денари!

Камен темелник на изградба на НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА во општина Бутел за што се инвестирани 100 милиони денари.

Почеток на реконструкција на спортската сала ДТВ ,,Партизан" во Битола за што се ИНВЕСТИРААТ 16 милиони денари!

Камен темелник на изградба на СПОРТСКА САЛА во ЛЕСКОЕЦ, Охрид!

Нов изглед на ВЛЕЗОТ во Битола! Реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700 метри

Пуштање во употреба на детско ПОВЕЌЕНАМЕНСКО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ Видобишта, Охрид!

Камен темелник за изградба на НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА во Трубарево, општина Гази Баба за што се инвестираат 19.000.000 денари!

Изградба на НОВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ Свети Климент Охридски во Драчево, општина Кисела Вода!

Започнување на градежни активности за доградба на објектот Изворче во ДЕТСКА ГРАДИНКА Срничка за што инвестираат 120.000.000 денари!

Комплетно РЕНОВИРАНО ОДДЕЛЕНИЕ за дигестивна хирургија!

НОВА АПАРАТУРА во износ од 1 000 000 евра за Дигестивна хирургија Скопје за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст!

Камен темелник на НОВ ГРАДСКИ ПАЗАР во Неготино!

Камен темелник на изградба на СПОРТСКА САЛА во Огњанци, Петровец!

Пуштање во употреба на ДОГРАДБА на градинката „Гоце Делчев“ во Илинден!

Пуштен во употреба спортско – РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР „БРАНИТЕЛИ“ во Бутел!

Обезбедени се 68 милиони денари за изградба на КОЛЕКТОРОТ Трпејца и дополнителни 53 милиони денари за ВОДОВОДИ И КАНАЛИЗАЦИИ во повеќе општини!

Камен темелник на изградба на СПОРТСКА САЛА во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром, Ѓорче Петров!

Камен темелник за изградба на ДОМ НА КУЛТУРА со СПОРТСКА САЛА во село Дреново, Кавадарци!

ПОПЛОЧУВАЊЕ на улица Ванчо Прќе и ПРЕНАМЕНА НА СООБРАЌАЈНИЦА во шеталиште во Штип!

Почеток на ДОГРАДБА на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, Општина Аеродром!

УКИНАТ ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ НАУКИ во Струга на Мерко!

УКИНАТИ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА!

Владата за само 100 дена покажа дека може и мора поинаку и подобро!

Владата продолжува да го реализира она кое што го вети пред граѓаните.

Никој нема да биде заборавен, на оваа Влада главен приоритет се граѓаните и нивните барања и потреби.

100% посветени. За тебе!

Влада на РСМ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива