Вкупно 827 казни за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
- Полициските службеници вчера изрекле 827 платни налози во рамки на сообраќајните контроли на патиштата низ државата.

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Полициските службеници вчера изрекле 827 платни налози во рамки на сообраќајните контроли на патиштата низ државата.
Како што информира МВР, по основ на неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина на движење согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера биле изречени 203, односно само 52 прекршоци.
Евидентиран е и зголемен број на прекршоци по основ на неносење сигурносен појас – 82, 13 учесници во сообраќајот се казнети за неносење заштитен шлем, а 35 возачи поради зборуавње на мобилен телефон при возење.
Петмина возачи вчера минале на црвено светло, шестмина управувале под дејство на алкохол, а 69 возачи управувале возила без возачки дозволи. Десет возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, а 16 возила затоа што не биле со валидна регистрација. мд/дма/
Фото: МИА архива