• Saturday, 04 April 2026

Верона ќе наплаќа 5 - 12 евра за пристап до балконот на Јулија

Верона ќе наплаќа 5 - 12 евра за пристап до балконот на Јулија

Верона, 3 април 2026 (МИА) - Градот Верона воведе влезница од пет евра за пристап до дворецот на куќата на Јулија, објави „ТГком-24“ (TGcom24). Имено, за 12 евра, посетителите ќе можат да ја истражуваат куќата во овој северноиталијански град којашто денес е музеј.

Оној кој ќе ја плати оваа сума добива поглед кон бистата на Јулија што се наоѓа таму можност и да се качи на балконот на куќата, од каде што хероината на Вилијам Шекспир разговарала со својот сакан Ромео.

Влезницата за местото е воведена поради големиот интерес за оваа знаменитост.  си/мс/

Фото: Википедија.

You May Also Like