Велев: Иако тендерот е завршен, има недостаток на ленти и глукомери за дијабетичари
- Во земјава има околу 40.000 лица на инсулинска терапија и антидијабетна терапија. Лицата со дијабетес во изминатите две недели се соочуваат со недостаток на ленти и глукомери. Не знаеме зошто тендерот се уште не е операционализиран изјави денеска претседателот на Здружението на дијабетичари на Македонија Љупчо Велев пред почетокот конференција „Современиот човек и дијабетесот - контрола, квалитет и достоинство“, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија што се одржува под мотото „25 години борба, посветеност, солидарност и надеж“.
You need to login to view this page en