Вашингтон откажа воени маневри со Грузија на неодреден период
- САД денеска објавија дека ги прекинуваат воените вежби со Грузија планирани за крајот на јули, како дел од преиспитување на односите со таа кавкаска држава.
- Post By Златко Шумковски
- 18:57, 5 July, 2024
Вашингтон, 5 јули 2024 (МИА) - САД денеска објавија дека ги прекинуваат воените вежби со Грузија планирани за крајот на јули, како дел од преиспитување на односите со таа кавкаска држава.
Маневрите требаше да се одржат од 25 јули до 6 август, но се „одложени на неодредено време“, соопшти Пентагон.
Одлуката е донесена откако Грузија го усвои контроверзниот закон за „странско влијание“.зш/