Василевска: ДУИ сака да создаде еден впечаток врз основа на кој се прикажува како жртва, а во суштина сака да го злоупотреби системот и државата
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 9 март 2025
„Македонското општество покрај оние наметнати проблеми со коишто се соочува, економската егзистенција, политичката стабилност, многу други прашања кои се од културолошки аспект итн., има проблем со два клучни столба со кои ние ако сакаме сериозно да направиме рестарт во општеството и да го подигнеме нивото на политичка култура и на општествен, економски и политички развој ќе мора да се справиме, тоа е позитивната дискриминација и негативната селекција“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ насловена „Жените во домашната и меѓународната политика“.
Василевска продолжи и додаде:
„Погледнете овие 20 години колкава инфлација на незаслужени купени академски дипломи имаме. Еве некој да се обиде да направи статистика во државната и јавната администрација колку од овие дипломи се внатре во административниот организам и дури и раководни места заземаат итн., и сето тоа влијае на паѓањето и на ентузијазмот но, и на разбирањето што значи самата диплома е тоа е негативната селекција“, вели Василевска.
Василевска во однос на позитивната дискриминација истакна дека таа не секогаш нуди квалитетен резултат.
„Понатаму позитивната дискриминација се однесува на квотите коишто ја застапуваат етничката припадност која не секогаш нуди квалитетен резултат, значи апсолутно сметам дека сите етнички заедници во Македонија според Уставот мора да имаат еднаква застапеност и присуство и да имаат шанса на пазарот на трудот и секаде каде имаат желба да се натпреваруваат да бидат дел од истиот систем“, кажа Василевска.
Василевска потенцираше дека случувањата кои ДУИ ги лиферува како закани во јавност се злоупотреба на нивната политичка моќ.
„Одредените случувања кои сега опозициската ДУИ ги лиферува како повторно закани во јавноста, тоа е така затоа што во времето на претходното владеење на СДС и ДУИ колку луѓе се вработени во државната и јавната администрација и колку од нив реално воопшто одат на работа, а да не кажам колку од овие нивни членови земаат на пример пензии оттука, а работат некаде во странство итн., колку злоупотреби се направени од страна на политичката моќ и политичката волја на искористување на државните добра за кои сите ние поединечно плаќаме данок и сме даночни обврзници“, укажа Василевска.
Василевска продолжи и додаде:
„Во услови кога имате трибалистички однос кон политиката и кога сакате да создадете еден впечаток врз основа на коишто ќе се прикажувате постојано како жртва, а во суштина ќе го злоупотребувате тој систем тогаш тоа е позитивна дискриминација и ние тоа истото го најавивме и во изборната програма минатата година со укинувањето на балансерот и со воспоставување на правичен и фер пристап на сите македонски граѓани“, заклучи Василевска.
Стаменкоска Трајкоска: Владата ја наследи државата во состојба на слободен пад, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за краток период ја смени сликата наследена од СДС
На денешната панел-дискусија „Жените во домашната и меѓународната политика“ гостуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска која дискутираше за учеството на жената во политиката и нејзините секојдневни предизвици.
Пратеничката на самиот почеток нагласи дека не е лесно да се биде жена во политиката но дека со добра организација може да се биде успешен политичар.
„Не е едноставно да се биде жена во политиката бидејќи тоа е еден интересен свет кој еве го живеам скоро 5 години активно во политиката како пратеник, со добра организација може се да се постигне и може да се биде успешен политичар, ние мораме да го правиме тоа заради тоа што даваме еден личен пример за останатите жени во Македонија дека можат тие да бидат дел од политичкиот живот во Македонија и дека се постигнува се кога се сака“, рече Стаменкоска Трајкоска.
Пратеничката неодамна се стекна со одликувањето „Витез од редот на академски палми“ од страна на Република Франција како резултат на нејзиното учество и вложен труд во промоција на францускиот јазик и култура и објасни дека партнерите во меѓународната политика со доаѓањето на новата власт Македонија ја гледаат со други очи.
„Станува збор за едно одликување кое е старо 200 години, и 200 години Француската Република даваат вакви именувања на луѓе кои даваат посебен придонес во промовирање на францускиот јазик и француската култура, со самото влегување како пратеник во Собранието јас зедов учество и во делегацијата на парламентарното Собрание на франкофонијата со тоа што ние направивме програма во секцијата по која работиме“, објасни пратеничката и додаде „Целиот оној минат труд што ние сме го направиле за меѓународна промоција на Македонија, партнерите кои се во меѓународната политика со поинакви очи не гледаат заради тоа што гледаат завршени дела, гледаат работа, посветеност, никако не смееме да заборавиме во каква состојба претходно ни беше државата, сите системи се што е поврзано со политиката“.
Пратеничката истакна дека Владата ја наследила државата во момент на слободно паѓање и нагласи дека жените треба да бидат што повеќе застапени во политиката.
„Владата ја наследи државата во еден момент на слободно паѓање, имавме претходно власт која многу ја крадеше оваа држава, за да ја анализираме состојбата во Македонија после 9 месеци промена на власт ние мораме да знаеме што сме имале претходно и да не го заборавиме, треба да не има повеќе, жените знаат да сработат жените знаат“, рече Стаменкоска Трајкоска.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ